Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо ја коментира накратко непријатна ситуација во која се најде за
време на натпреварот со Болоња од 35-тото коло на Серија А, освоен со 2:1.

Во средината на првото полувреме, повреда доби Лукас Билиа. Гатузо го праша Французинот
Тиемуе Бакајоко дали е подготвен да влезе и доби негативен одговор, по што двајцата одржаа
краток дијалог.
„Тоа што се случи си е наша работа. Му реков да се подготвува да влезе, а тој дури и не се помести
и затоа пуштив друг играч. Ние сме клуб со престиж, ќе видиме што ќе се случи, но се е прашање на
почит. Играчите можат да ми зборуваат што сакаат, но така покажуваат и непочитување на
соиграчите. Секој може да ме навреди на теренот, но потоа ќе се видиме очи во очи во
соблекувалната каде зборувам поинаку отколку пред камерата“, прокоментира Гатузо.
Бакајоко игра во Милано како позајмен од Челзи. По се изгледа дека 24-годишниот играч од
средниот ред ќе биде вратен во Лондон.