Чистката почнува: Зидан соопштил на тројца фудбалери дека за нив нема место во Реал

од Vlatko K
137 прегледи

Работата за целосната промена на Реал Мадрид веќе започна. Зинедин Зидан, тренерот на
„белите“, остварил средба со тројца фудбалери, кои не влегуваат во неговите планови за новата
сезона и ги информираше дека мораат да си бараат тимови.

Според „Марка“, се работи за Герет Бејл, Дани Себаљос и Маркос Љоренте. Тој им рекол дека
сигурно нема да се потпре на нив и единственото нешто што може да го направи за да им помогне
е да им даде неколку минути за игра до крајот на сезоната за да се обидат да блеснат и да
предизвикаат интерес кај потенцијални нови купувачи.

Несомнено, најголемото име во триото е репрезентативецот на Велс, кој исто така е рекордна
аквизиција на „белите“. Но, тој е во студена војна со менторот, и на крајот неговата судбина се чини
предодредена. Меѓутоа, прашањето е дали има тим кој ќе плати 100 милиони евра за неговиот
потпис или цената ќе треба доста да се намали.

\
„Марка“ вели дека тие контактирале со претставниците на Бејл во потрага по коментар за
очекуваниот потег на Зидан. Сепак, тие објавиле дека нема да коментираат на оваа тема. Според
весникот изненадувачки е што информациите не биле негирани, што укажува на вистинитоста на
тврдењето.