Заев: Утре нова средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство

од desk4
92 прегледи

 Утре ќе се одржи средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство, информира денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека министерката за правда Рената Дескоска се слушнала со лидерот на преговарачката група на опозициската партија.

– Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и г. Мицкоски, што, според мене, претставува исчекор кон постигнување решение за едно од најсуштествените разлики што претходно постоеја, изјави Заев.

За мене, нагласи, претставува надеж што и двете страни можеме уште малку да се потрудиме и да дојдеме до договор точно на рокот, затоа што, подвлече, навистина се изброени деновите на затворање на извештајот на Европската комисија.