Веќе неколку дена Тамара Тодевска и нејзиниот тим се пристигнати во Тел Авив, каде во тек се подготовките за нејзиниот евровизиски настап, односно изведбата на песната со која ја претставува нашата земја – „Proud“.
Вчера се одржа и нејзината прва проба на евровизиската сцена на која можевме да видиме како ќе изгледа 33-годишната пејачка на сцената.
Таа се одлучила за смарагдно зелен фустан од дизајнерот Александар Ношпал. Како изгледа тој на неа можете да видите од фотографиите во нашата галерија.
Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер на 16 мај. Како придружни вокали ќе застанат на сцената Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.