Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на двајца клучни играчи за
„Фајнал фор“ турнирот на Евролигата. Кулминацијата на сезоната во најсилниот турнир на
континентот е следниот викенд во шпанскиот град Виторија, а денес стана јасно дека „фенерите“ ќе
бидат без Луиџи Датоме и Жофре Ловерн кои имаат повреди и нема да се опорават навреме.

Италијанскиот репрезентативец има повреда на потколеницата на десната нога, добиена на крајот
на април против Дарушафака во натпревар од локалното првенство. Францускиот кошаркар пак, се
уште не се опоравил од повреда на глуждот што ја доби во средината на февруари.
Датоме играше во сите 34 натпревари на Фенербахче во сезоната досега во Евролигата и
реализираше во просек по 9,0 поени и 3,6 скока. Ловерн, од своја страна, постигнуваше 8,5 поени и
3,6 скока во 22 меча во Европа.
221-сантиметри високиот центар на Реал Мадрид, Волтер Таварес пак беше избран за „Дефанзивец
на годината“ во Евролигата. Роден во Зелено’ртски Острови, кошаркарот се претвора во осмиот
носител на престижната награда по Димитрис Дијамантидис (6), Кајл Хајнс (2), Брајант Данстон (2),
Виктор Хријапа, Андреј Кириленко, Стефан Лазме и Адам Ханга.
Во 32 натпревари за „белите“ во Евролигата оваа сезона, тој запишуваше по 7.6 поени, 6.2 скока, 1.7
блока и 0,4 одземени топки, со просечен коефициент на корисно дејство од 13,5 поени. Таварес е
лидер по блокови во просек на натпревар, како и вкупен број блокирани удари во сезоната (53).
Втор во гласањето на тренерите остана Никола Калиниќ од Фенербахче, а третото место е делено
од друг „фенерџија“ – Јан Весели и Брајант Данстон од Анадолу Ефес, кој е двократен добитник на
наградата