Од Ферари ќе пуштат нов подобрен мотор порано од предвиденото во стремежот да го стигнат
Мерцедес.
Првично од „Скудерија“ планираа да го направат тоа во јуни за Гран При на Канада, но излезе дека
ќе го сторат тоа уште овој викенд, кога е Гран При на Шпанија.
„Црното коњче“ доживува сериозни тешкотии во почетокот на сезоната, откако противникот им
забележа 4 двојни победи, но Италијанците се надеваат дека ќе ги променат работите.
„Ќе имаме нов мотор, кој го вклучуваме порано отколку што се очекуваше. Втората спецификација
требаше да се појави за првпат во Канада. Сите работат напорно за да го забрзаме развојот и да се
подобриме“, изјави шефот Матија Биното.
Се смета дека обично во Барселона започнува суштинскиот дел од сезоната, а во автомобилите на
Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе има подобрувања и во аеродинамиката.
„Заостануваме, но во Барселона мораме да направиме чекор напред. Уште во Баку имавме
подобрувања во аеродинамиката, а сега, исто така ќе има развој во овој поглед, додаде Биното, чиј
тим доминираше на патеката во февруари на тестовите, но сега условите се различни, а и Мерцедес
е доста силен.