Ван Дајк: Можеме да победиме секого

од Vlatko K
85 прегледи

Ливерпул може да победи против секој тим и фудбалерите веруваат во тоа, изјави дефанзивецот
Вирџил ван Дајк по неверојатното полуфинале против Барселона во Лигата на Шампионите.

„Се чувствуваме дека можеме да победиме секого. Не би излегле на теренот, ако мислевме
поинаку. Натпреварот денес ќе биде тежок и за Тотенхем, и за Ајакс. Ќе видиме кој од двата тима ќе
патува за Мадрид и ќе се подготвиме за него“, изјави Ван Дајк по натпреварот со Барселона.

Халфот Фабињо додаде за „RMC Sport“: „Немавме многу време по тешкиот натпревар со Њукасл, но
на крајот за тоа играме цела сезона. Уште по првиот натпревар реков дека резултатот е лош, но
нашето претставување не е. Во овој дуел игравме на сличен начин, но постигнавме ран гол. По
четвртиот пак ја задржавме топката и на крајот прославивме со навивачите“.

„Меси? Целиот тим се бранеше. Ги оставивме срцата на теренот. Јас пак се обидував да направам
сé што можам, за да не стигнува топката до него“, заврши Фабињо.