Со Клоп на тренерската позиција, Ливерпул секогаш стигнува до финале во евро-куповите

од Vlatko K
111 прегледи

Ливерпул досега секогаш успева да стигне до завршниот натпревар во европските купови кога бил
предводен од Јирген Клоп.

„Црвените“ од Енфилд синоќа се изборија за финале во Лигата на шампионите, откако ја
елиминираа Барселона по победата во реваншот со 4:0.

Предводени од 51-годишнито германски тренер Ливерпул нема изгубено ниту еден двомеч во еврокуповите.
Во првата сезона, Клоп, го однесе тимот од „Енфилд“ до финалето на Лига Европа каде загуби од
Севиља со 3:1.

Следната сезона тие не играа на европски натпревари.

Минатата (2017/18) сезона Ливерпул се пласира во финалето од ЛШ во кое беше поразен од Реал
Мадрид со 3:1.