Хемикалиите од кремите за сончање преминуваат во телото

од Vlatko K
149 прегледи

Кремите за заштита од сонце ја зголемуваат концентрацијата на оксибензон во крвта, објавија
експертите во студија нарачана од американската администрација за храна и лекови, цитирани од
„Дејли Мејл“.


Концентрацијата може да надмине 419 пати повеќе од нормата за безопасност, што е до 0,5
нанограми на милилитар во САД.

Една недела, 24 волонтери во просек на 35 години користеле различни видови на креми за
сончање, лосион или спреј, четири пати на ден. На четвртиот ден, концентрацијата на
канцерогениот оксибензон достигнал 209,6 нанограми на милилитар крв.

Други штетни состојки исто имале високо ниво во крвта – авобензон (4,3 нг / мл), кој се поврзува
со ракот, алергија и токсичност, и октокрилен (7,8 нг / мл), кој ја иритира кожата, очите и дишните
патишта.

Научниците веруваат дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за придобивките и штетата на
кремите за сончање кон здравјето и потребни се понатамошни истражувања за да се утврди кои
состојки треба да се забранат.

Водечки автор на студијата е д-р Дејвид Строус. Таа е објавена во списанието на Американското
лекарско друштво „Journal of the American Medical Association“.