Ким Кардашијан ја откри својата долна облека на Инстаграм, што ѝ даде супер-тенка половина на Мет Гала. Риалити ѕвездата призна дека поради корсетот не можела да седне цела ноќ на брилијантниот настан што се одржа во Њујорк во понеделникот вечерта.
Инаку, Ким се појави на црвениот тепих во неверојатен силиконски фустан во златно, направен од францускиот дизајнер Тјери Муглер. Таа им кажала на своите фанови дека нејзината тоалета за вечерта била толку тешка што стоела во автомобилот до црвениот килим.
Следниот ден по 38-годишната сопруга на Кејн Вест беше критикувана дека е премногу нереална нејзината силуета, што според многумина не може да биде вистинска, но е дело на пластични хирурзи. Фитнес тренерот на Ким, сепак, рече дека таа вежбала шест дена во неделата за да го има ова тело.
Фустанот на Ким е направен од страна на Mugler специјално за неа, бидејќи ова е негова прва облека откако тој не креира веќе дваесет години.