Пристигна првиот тизер за „It: Chapter Two“

од desk2
251 прегледи

По големиот успех на „It“, сега пристигнува ново продолжение за кое од студиото Warner Bros велат дека е уште пострашно и поморничаво од оригиналниот филм. Денеска беше објавен и првиот тизер за „It: Chapter Two“, кој можете да го погледнете подолу.

Актерската екипа овојпат е дополнета со Џесика Честејн, Џејмс Мекавој и Бил Хејдер, а филмот ќе се фокусира за оригиналната приказна на Тоа, кое се појавува во малиот град Дери на секои 27 години.

Премиерата на „It: Chapter Two“ е закажана за 6 септември 2019.