Две англиски финалиња на двата најважни европски клупски турнири – Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Ова се случува за прв пат во европскиот фудбал и најмногу на англискиот, кој во првите години на КЕШ не гледа со добро око на идејата на Габрил Ано (новинар од весникот „Екип“) за вакво натпреварување меѓу шампионите на одделните земји.

Откако четири од првите пет тима во табелата на Премиер лигата во оваа кампања се во финалето, интересно е прашањето што ќе се случи со местата, кои даваат право на европска квота.
Тотенхем игра со Ливерпул во Лигата на шампионите на 1-ви јуни во Мадрид, додека Арсенал и Челзи ќе се соочат во една вечна лондонска класика во последниот натпревар на Лига Европа (29-ти мај, Баку).
Еден круг пред крајот, Топ 4 во Премиер лигата е речиси оформен – некој меѓу Манчестер Сити и Ливерпул ќе стане шампион, Челзи е сигурен за своето место во четворката, но Тотенхем се уште има математички шанси да биде надминат од Арсенал и да остане петти.
Арсенал е 5-ти, додека Манчестер Јунајтед е 6-ти, а во последниот круг двата тима можат да ги разменат позициите.
Првите 4 тима се квалификуваат за следното издание на Лигата на шампионите, додека победниците во ФА Купот, Лига Купот и 5-тиот во рангот, одат во Лига Европа.
Ако некои од победниците во двата локални турнири – ФА Купот и Лига Купот, е во Топ 4, нивните квоти за Лига Европа се распределуваат помеѓу шестиот и седмиот во табелата.
Исто така, ако Арсенал ја освои Лигата на Европа и заврши петти, Англија ќе има пет учесници во Лигата на шампионите.
Ливерпул и Челзи веќе обезбедија место во Топ 4, додека за Тотенхем се уште стои математичкото прашање – може ли Арсенал да постигне повеќе од 8 гола на Барнли, а Тотенхем да киксне против Евертон. Ова ќе биде решено во недела.
Ако некој од Ливерпул, Челзи или Тотенхем победат на некој од двата турнири, квотата на Лигата на шампионите нема да се зголеми на пет.
Интересно е, меѓутоа, ако Арсенал не заврши петти (можно е Манчестер Јунајтед да ги смени „топџиите“), го загуби финалето во Лига Европа и не успее да се пласира во Лигата на Шампионите.
Во овој случај, австрискиот шампион Ред Бул Салцбург ќе се квалификува директно во Лигата на шампионите за групите на турнирот без квалификации.
Ова ќе се случи, бидејќи австриската Бундеслига, 11-то најсилно првенство во Европа, е највисоко рангираниот шампионат, кој не добива директна квота за Лигата на Шампионите. Таму шампионот мора да помине преку плејоф. Ова нема да се случи при погоре споменатото сценарио.
Ако Тотенхем се задржи во Топ 4 и Арсенал не ја освои Лига Европа, тогаш третиот во француската Лига 1 – Лион или Сент Етјен, ќе се рангира директно за групите на Лигата на шампионите. Лига 1 е највисоко рангираното првенство (5-то во Европа), кое мора да испрати барем еден тим во плејофот на Лигата на шампионите.
Квотата на Челзи во Лигата на Шампионите е загарантирана поради нивното место во Топ 4, додека финалето против Арсенал во Лигата на Европа за „сините“ ќе биде само за престиж и освојување на трофеј – но не и во обид за обезбедување на место во најсилниот клубски турнир.
Треба да кажеме и дека Арсенал се уште не си загарантирал место во Лигата на Европа.
Петтиот, шестиот и победникот на ФА Купот се квалификуваат за Лига Европа. Ако Манчестер Сити го освои ФА Купот, тогаш седмото место, исто така, ќе даде квота за Лигата Европа од вториот прелиминарен круг (25-ти јули).
Но ако Ватфорд го освои ФА Купот, „стршлените“ ќе се квалификуваат директно за групите на Лига Европа, а шестиот во табелата ќе треба да поминува низ плејофот во Лига Европа. Можно е тоа да биде Арсенал, ако Јунајтед ги помине во последната рунда од Премиер Лигата (како и Арсенал да не ја освои Лигата на Европа).