Виртуелен туристички водич низ Северна Македонија

од Vlatko K
130 прегледи

Нова технологија за претставување на туристичките можности на Северна Македонија преку
виртуелна реалност.

Веб страната Macedonia From Above (http://www.macedoniafromabove.mk/) овозможува виртуелна
прошетка низ Северна Македонија и нејзините градови, села, туристички локации, хотели, скицентри и други локации…

Прошетката се одвива преку поврзани 360° интерактивни панорами направени од воздух и
влегување во туристичките објекти со исти такви 360° панорами, направени од земја.

Почетната сцена (во моментов) е над плоштадот во Скопје, од која, со клик на означените други
локации се пристапува кон следната 360° панорама.

На секоја 360° панорама се поставени ознаки за објекти од туризмот, споменици, музеи, хотели и
сите други објекти интересни за туристите, проследени со информативни текстови, слики, видеа,
телефонски броеви, линкови кон други веб страни и слично.

За оваа виртуелна прошетка низ С.Македонија, може да се користат сите апарати кои имаат
пристап до интернет: компјутери, таблети, телефони, Smart TV… како и со 3Д наочари.
Во моментов има поставено околу 400 панорами, иако сеуште е во почетен развој.

Со овој веб-сајт се добива уникатна можност луѓето од целио свет виртуелно да ја посетат нашата
земја и реално да ја запознаат, а потоа и да посакаат да ја посетат физички.

Проектот не е поддржан засега од ниедна државна институција, и е обид да се прикаже нашата
држава од еден нов агол.