Бран шеги за името на кралското бебе се појави на социјалните мрежи. Откако принцот Хари и неговата сопруга Меган објавија дека нивниот син ќе се вика Арчи, илјадници Британци и Американци почнале да прават забавни асоцијации со него.
Според многумина, Војводата и војвотката на Сасекс го избрале споменатото име, бидејќи ја гледале тинејџерската серија “Riverdale” по стриповите “Archie Comics” што се емитуваат на Netflix. Други, пак, се шегуваа дека првородениот син е именуван по Archie Банкер од ситкомот “All In The Family”, кој беше доста популарен во 70-тите години.
Неколку часа по објавувањето на првите фотографии на бебето и неговите родители, направени во замокот Виндзор, корисници на Twitter и Instagram размножија смешни мемиња. На повеќето од нив главите на кралските претставници се заменети со познатите херои.
“Јас сум бебе”, напиша тимот на “Archie стрипови” на Твитер.
“Елизабета Втора го запрела Нетфликс во палатата по слушувањето на името на вникот”, други се смеат.
Се верува дека Арчи е меѓу првите 20 имиња на момчиња на островот. Сепак, тоа не е вообичаено во САД. Според корисниците на социјалните мрежи, како Американка, Меган често го гледала Арчи Ендрјус како тинејџерка. Тој е црвенокос, и веројатно бебето ќе има коса како неговиот татко.

Извор: Твитер
