Британците не веруваат дека бебето на Меган и Хари е само неколку дена старо. Откако сопрузите првпат го покажаа својот син, многу луѓе изразија сомневања на интернет дека детето изгледа многу поголемо.
Многу луѓе веруваат дека синот на војводата и војвотката од Сасекс е роден две недели пред 6 мај, кога веста за неговoто раѓање излезе на виделина.
Како што сите разбраа, детето ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор. Неговите родители истакнаа дека не сакаат да има благородничка титула.
Се верува дека Арчи е кратенка на Archibald, популарно име во Шкотска. Тоа значи “уникатен и храбар”. Харисон укажува дека детето е син на Хари, а Маунтбатен се врзува со семејството на принцот Филип, кој му е дедо, пишува Daily Mail.
Британските медиуми откриваат дека еднаш малиот принц Џорџ пред еден месец изјавил дека Арчи го вика. Многу луѓе тогаш мислеа дека детето измислило прекар, но очигледно ги слушнал разговорите за името на неговот најнов братучед.