Конте го посака Лукаку, за да го преземе Интер

од Vlatko K
68 прегледи

Еден од најсериозните кандидати за тренерската позиција во Интер – Антонио Конте има
поставено доста сериозен услов пред клупските шефови, за да го замени Лучано Спалети како
ментор. Според „Кориере дело Спорт“, италијанскиот тактичар направил експлицитен услов да се
привлече Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.


Неколку извори од Апенините веќе споделија за принципиелен договор меѓу Конте и „нероазурите“,
кој би требало да стапи на сила од следната сезона. Сосема логично, предвид спорадичните
резултати на тимот во текот на сезоната, тренерот побарал бројни промени во составот, најмногу
во однос на крилните фудбалери и напаѓачите.

Диего Годин може да се смета за нов додаток, откако искусниот дефанзивец ќе пристигне како
слободен агент. Неговиот договор со Атлетико Мадрид истекува на крајот на јуни и играчот веќе
најави дека тоа ќе биде крај на неговиот 9-годишен престој кај „јорганџиите“.

Сепак, според Конте, одбраната не е главен проблем на Интер. Тренерот бил категоричен дека го
сака Лукаку – кој ќе наполни 26 години во понеделникот – во редовите на тимот. Досега оваа
сезона белгискиот играч постигна 15 гола и 4 асистенции во 45 натпревари за Манчестер Јунајтед.

Таквата желба од страна на Коне очигледно сугерира дека сегашниот број 9 Интер и поранешниот
капитен, Мауро Икарди ќе биде продаден. Токму со парите од овој договор ќе биде финансирана
офанзивата кон Лукаку, кој ги чинеше „црвените ѓаволи“ 75 милиони фунти во 2017-та.