Раиола го блокира трансферот на Де Лихт во Барселона

од Vlatko K
141 прегледи

Плановите на Барселона за купување на Матаис де Лихт следното лето сега удираат на камен.
Причина за тоа е суперагентот на играчот, Мино Раиола и неговите планови да земе повеќе пари од
трансферот на капитенот на Ајакс.


Во оваа сезона, гигантот од Амстердам беше одличен во Лигата на Шампионите и успесите им беа
прифатени со широки насмевки од неутралните фанови. Сега сепак проблемот за клубот е дека
голем дел од нивните играчи се најдоа во трансфер плановите на европските гиганти.

Откако веќе Френки де Јонг сепресели на „Камп Ноу“, од Барса сега сакаат максимално брзо да го
договорат и централниот дефанзивец на Холандија. Според „Марка“ сепак, има причина зделката
да се одолговлекува и таа е поврзана целосно со Мино Раиола.

Агентот, кој претставува имиња како Пол Погба, Марко Верати и Џанлуиџи Донарума објавил дека
сака да земе 12 милиони фунти од трансферот на Де Лихт, што е околу 20% од цената што
Барселона се согласи да ја плати на Ајакс.