Раниери ја напушта Рома

од Vlatko K
161 прегледи

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, ќе ја напушти екипата по крајот на сезоната во Серија „А“,
објави самиот тој.


Поранешниот тренер на Челзи, Лестер и Фулам во Англија застана на чело на „волците“ во март,
заменувајќи го отпуштениот Еузебио ди Франческо.

„Дојдов во Рома, бидејќи клубот ме замоли. Дојдов како навивач, за да помогнам”, рече Раниери.

„Мојот договор е до крајот на сезоната, и откако ќе завршат овие три натпревари (Јувентус,
Сасуоло и Парма), мојата работа ќе заврши тука“, додаде Италијанецот.

Рома се шести во Серија „А“, на три поени од четвртата Аталанта.