Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, забрани на својот тим и вработените да го следат
резултатот од паралелниот натпревар на Ливерпул во последното коло од Премиер Лигата.

Шпанскиот стратег сака целиот тим и неговиот штаб да се концентрираат само на нивниот дуел.
Извор на „Сан“ откри дека стратегот не сака да знае што прави директниот конкурент за трофејот –
Ливерпул.
„Тој сака сите да се фокусираат на сопствените перформанси за да забележат победа против
Брајтон. Гвардиола многу го почитува Ливерпул, но судбината на титулата зависи од Сити. Никој
нема право да го проверува својот телефон за да го види резултатот“, открива изворот.
Тимот на Манчестер Сити е лидер во пласманот и мора да ги освои трите бода против Брајтон за да
ја освои титулата Англија. Ливерпул го пречекува Вулверхемптон на „Енфилд“, но засега тие се на
второ место во Премиер Лигата.