Титулата во Англија може и да не се реши денес

од Vlatko K
120 прегледи

Тимовите на Манчестер Сити и Ливерпул влегуваат во епска битка за трофејот на Премиер Лигата
на последниот ден од сезоната. „Граѓаните“ имаат бод предност и гостуваат на Брајтон, а „црвените“
се втори и го пречекуваат Вулверхемптон.


Дали има можност двата тима да не станат шампиони по последните 38 круга во Англија? Звучи
неверојатно, но одговорот е да!

Се уште постојат математички шанси Манчестер Сити и Ливерпул да завршат со ист број на поени
на врвот и со ист број на погодоци, што ќе значи дека титулата нема да биде врачена вечерва.

Единствениот начин тоа да се случи, е, ако Манчестер Сити загуби од Брајтон со 0:4, а Ливерпул
одигра 4:4 со Вулверхемптон. Веројатноста овие два резултати да се случат е многу мала, но
теоретски е можно.

Иако граничи со неверојатното, ако тоа се случи, бараж на неутрален терен ќе го утврди победникот
за сезоната 2018/19.

Што се случува ако два клуба завршат со ист број поени?
Според правилата, ако двата тима завршaт со ист број поени, гледа гол разликата. Ако втората
метрика е еднаква, тогаш дадените голови се третиот фактор. Ако тие се исти, титулата се решава
со бараж на неутрален терен. Местото и датумот понатаму ќе бидат утврдени од страна на ФА.
Како може да се дојде до таква разврска?

Манчестер Сити да загуби 0:4, Ливерпул да одигра 4: 4
Манчестер Сити да загуби 1:5, Ливерпул да одигра 5:5
Манчестер Сити да загуби 2:6, Ливерпул да одигра 6:6
Дали тоа се случило претходно?
Не.

Од Премиер лигата предвидоа сличен плејоф за сезона 1995/96 година, откако резервираа два
датуми на „Вембли“ поради Манчестер Јунајтед и Њукасл. Билети биле печатени и подготвени за
продажба. На крајот, „црвените ѓаволи“ ја освоија титулата без ваков развој.

Која е шансата за таков развој?
1:18750.