Ивановска гледа злоупотреба на агенциите за вработувања и на дискреционото право

од desk2
95 прегледи

Во никој случај не треба да се вработуваат луѓе преку агенциите за привремени вработувања на систематизирани работни места, вели претседателката на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, Билјана Ивановска, во интервју за телевизијата Алсат М.

-Преку Агенциите за привремени вработувања не се врши никаква селекција на кандидатите, туку само се отстапуваат лица на одредена институција на определено време. Меѓутоа, тоа не е во согласност со законот за агенциите. Таму точно е наведено во кои ситуации агенцијата треба да отстапи некој на работа во соодетната институција, а тоа е кога има зголемен обем на работа, кога се работи на проект, при итни и неодложни работи или пак при некои неочекувани состојби – вели Ивановска.

Говорејќи за закони што овозможуваат непотизам, таа го спомена и Законот за работно односи, бидејќи, како што рече, таму се предвидува можноста за дискрециони вработувања.