Одбележување 20 години ИОМ во земјава

од Марта Пешевска
138 прегледи

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.

Како што соопшти МНР, овој заеднички настан е со цел одбележување на две декади од работата на Мисијата на ИОМ во земјава и ќе се даде осврт на спроведеното.

Во рамки на настанот министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и регионалнитот директор на ИОМ Аргaнтина Сабадош ќе потпишат и Меморандум за соработка од областа на дијаспората.