Хендерсон: Разочарани сме, но се надеваме дека ќе ги израдуваме фановите со друг трофеј

од Vlatko K
84 прегледи

Играчите на Ливерпул се разочарани од второто место во лигата, но се надеваат дека ќе им
компензираат на навивачите со трофејот од Лигата на шампионите, рече капитенот Џордан
Хендерсон.


„Се разбира дека чувствуваме разочарување. Верувавме до последно, дека ако продолжиме да
освојуваме натпревари, ќе ја освоиме и титулата, па нормално е да сме разочарани. По неколку
дена, сепак, кога веќе имаме време да размислиме за целокупната слика, ќе бидеме горди на
презентацијата во сезоната. Бевме до Сити до самиот крај. Тие поседуваат извонреден тим и ја
заслужуваат титулата. Честиткидо нив, се надевам дека догодина ние ќе бидеме најсилниот тим“,
рече тој.

„Излезе многу добра битка до крајот. Ни беше тешко да ги поздравиме навивачите на стадионот, по
натпреварот, бидејќи немаше што да им вратиме во замена за поддршката. Тие беа перфектни во
текот на сезоната. Се надевам дека ќе можеме да им се заблагодариме во Лигата на Шампионите“,
Додаде Хендерсон.

„Треба брзо да се опоравиме. Следните неколку дена ќе бидат тешки, но во фудбалот деновите
поминуваат брзо и секогаш треба да се размислува за иднината“, заврши капитенот.