Во светот расте консумирањето алкохол

од Vlatko K
109 прегледи

Светот потрошил 10 отсто повеќе алкохол во 2017 година отколку во 1990 година, пред се поради
ширењето на таа лоша навика во Кина и Индија, велат научниците.


Според актуелните трендови, глобалната потрошувачка на алкохол ќе се зголеми за уште 17 отсто
во следната деценија, објавено е во списанието Лансет.

 

„Светот не е на патот кон исполнување на глобалната цел и намалување на штетната употреба на
алкохол”, нагласуваат авторите на студијата, повикувајќи на поагресивни контрамерки како што се
повисоки даноци и забрана на рекламирање.

Целта на Светската здравствена организација е да се намали штетната употреба на алкохолот за 10
проценти до 2025 година.

Алкохолот е поврзан со двесте заболувања и е одговорен за три милиони смртни случаи годишно,
од кои 75 проценти се мажи.

На глобално ниво, околу 237 милиони мажи и 46 милиони жени страдаат од нарушувања поврзани
со алкохол. Највисоката стапка е во Европа и Северна Америка за двата пола.

Алкохолот е се уште најмногу се пие во Европа и Северна Америка. Во Франција, на пример, мажите
пијат 19 литри алкохол годишно, а жените само шест.

Во САД, бројките се малку пониски, 15 литри за мажи и 4,5 за жени. Во Кина, мажите пијат 11 литри
алкохол годишно, а жените три. Ова е помалку отколку во САД, но проблемот е што за Кинезите тоа
е зголемување од 70 проценти во споредба со 1990 година.

Индијците се уште не пијат премногу, во просек шест литри алкохол по човек, но ова е двојно
повисоко отколку во 1990 година, при што експертите предвидуваат зголемување од 50 проценти
во текот на следната деценија.

По региони, најмалата е потрошувачката во Северна Африка и Блискиот Исток, обично помалку од
еден литар по возрасно лице годишно.

Таа е најголема во Централна и Источна Европа, каде што во просек има неколку земји со повеќе
од 12 литри.

Првото место е за Молдавија со 15 литри алкохол, по што следуваат Русите, Французите и
Португалците.

Најмногу се пие жесток алкохол – 45 проценти, пиво 15 проценти и 12 проценти вино