Хари и Меган објавија слика од бебето

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Принцот Хари и Меган, војвотката на Сасекс, објавија вчера на Instagram слика од ноџињата на новороденото бебе по повод првиот ден на мајката за Меган како мајка, пренесоа американските медиуми.

На објавената слика Меган ги држи со рака нозете на својот син, Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, а одоздола се гледаат пролетни цвеќиња како позадина.

Придружниот фото текст гласи: “Почит за сите мајки – сегашни и идни, како и оние кои веќе се изгубени, но секогаш ќе се паметат. Ја почитуваме секоја од вас. “

 

Фото: Instagram