Рома може да стане уште еден европски клуб кој ќе премине во рацете на богати бизнисмени од
арапскиот свет. Веќе неколкупати се посочуваше во медиумите дека претседателот Џејмс Палота
ќе ги продаде акциите на моќен катарски конзорциум.

Се очекуваше кандидатите да се Qatar Sports Investment, кој ги поседува Пари Сен Жермен, како и
Qatar Airways, која е официјален спонзор на „волците“. Излегува дека, сепак, кандидатот е трета
компанија која се уште не се именува и макар да не е со финансиската моќ на првите две, исто така,
располага со доста средства за инвестиции.
Според медиумите на Апенините, веќе се одржани првични разговори меѓу Палота и Катарците, но
се уште не е јасно на која фаза од преговорите се двете страни. Ако има развој во однос на
продажбата, тоа нема да биде пред крајот на оваа година.
Во последните денови имаше случај на средба меѓу италијанскиот премиер Џузепе Конте и емирот
на Катар, на која европскиот политичар ја споделил репликата: „Слушнав дека сакате да ја купите
Рома“, на кое Емирот Тамим бин Хамад ал Тани одговорил само со насмевка.