Крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл, веројатно ќе го облече дресот на својот поранешен тим
Тотенхем во текот на летото, вели „Мирор“.

Според изданието, доста веројатно е тој да игра под наем за целата наредна сезона во лондонскиот
тим, а во касата на „кралевите“ ќе влезе сумата од 10 милиони фунти. 29-годишниот фудбалер
премина на „Бернабеу“ од „петлите“, каде што помина шест години – помеѓу 2007 и 2013 година.
Oт лондонскиот тим го сакаат Велшанецот, но тимот не сака да се расфрлува и да плаќа огромни
суми првично за неговите права, а целта е во текот на киријата да се види дали тој повторно ќе
биде толку добар за тимот, како што беше случај во минатот, и едвај тогаш ќе биде одлучено.
Сепак, самиот играч ќе мора сериозно да ја намали неговата плата, за да може на крајот да
потпише постојан договор со тимот