Приказната на Кубица може да заврши предвреме

од Vlatko K
204 прегледи

Враќањето на Роберт Кубица на патеката беше дочекана со радост и восхит од многумина во
Формула 1. Се разбира, не недостасуваат и мислења дека при присуството на толку многу млади
таленти, редно е „пензионерите“ да се повлечат. Во случајот на Полјакот, кој направи феноменални
напори да се врати по тешката несреќа, може да се каже дека навистина стои на патот на некои
поспособни од него.


Канадскиот весник „Ле Журнал де Монреал“ тврди дека тимот на Вилијамс размислува варијантата
да даде шанса на младиот Николас Латифи, откако ќе го стави на местото на Кубица. Роберт,
всушност, го исполни својот сон, но шоуто на патеката не е во негова корист. И покрај лошата
форма на Вилијамс, новодојдениот Џорџ Расел е дефинитивно побрз од неговиот тимски колега во
секое време.

Според канадското издание, постои клаузула во договорот на Кубица, според кој може да биде
ослободен од обврските во текот на сезоната. Ова ќе ги отвори вратите на канадскиот резервен
возач Латифи, кој го предводи шампионатот во Формула 2.

Слични содржини