Дел Пјеро: Ќе биде чудно ако Конте оди во Интер

од Vlatko K
93 прегледи

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро призна дека за него ќе биде доста чудно да го види
својот поранешен соиграч Антонио Конте да застане на чело на големиот непријател Интер.


Во последните недели напорно се зборува дека токму Конте ќе го замени Лучано Спалети во текот
на летото, но овој потег нема да им се допадне на навивачите на Јуве.

„Конте во Интер? Од спортска гледна точка тоа ќе биде доста чудно, имајќи го предвид неговото
минато. Ќе биде чудно да го видам на клупата на „нероазурите“. Сепак, тој е одличен
професионалец и Интер е тим со голем потенцијал. Откако и Марота отиде таму, нема да ме
изненади и Конте да го следи. Има сериозни предуслови за тимот да се претстави добро следната
сезона. Неговата борба и тактичка шема може да му помогнат на Интер“, изјави Дел Пјеро.