Филаделфија нема да го промени тренерот поелиминацијата од Торонто во полуфиналето на
Источната конференција, вели „ESPN“. Сиксерс беа елиминирани од Репторс во седум натпревари, а
тоа веднаш предизвика шпекулации во врска со иднината на Брет Браун на чело на тимот од
Градот на братската љубов.

58-годишниот тренер ќе продолжи да го води тимот и во следната сезона, откако веќе имал средба
со генералниот менаџер Елтон Бренд и еден од раководителите на клубот Џо Харис. Тројцата
разговарале за приоритетите за претстојното лето, вклучувајќи го и НБА Драфтот и можностите за
трансфер на слободни агенти.
Браун ја тренира Фили од 2013 година, откако има биланс од 178 победи и 314 порази за тој период.
Во последните две сезони Сиксерс секогаш завршуваат со позитивен биланс и играат во плеј-офот,
но и во двата случаи отпадна во полуфиналето на конференцијата.