Љубовната приказна на Даниеле Де Роси и Рома ќе заврши на крајот од сезоната, се вели во
официјалното соопштение од римскиот клуб. 35-годишниот капитен на „волците“ ќе го напушти
матичниот тим по речиси две децении верна служба, откако за овој период одигра над 600
натпревари и освои три трофеи.

„Даниеле беше срцето на Рома за овие 18 години. Секогаш го носел дресот со чест, а истовремено
се етаблира како еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа, дебитирајќи во 2001
година, а подоцна стигна до капитенската лента“, гласи изјавата на клупскиот претседател Џејмс
Палота.
Daniele De Rossi, Romanista. 💛🐺❤️ pic.twitter.com/AXSvYgwMWB
— AS Roma English (@ASRomaEN) May 14, 2019
По потекло од Рим и кадар на школата, Де Роси има 615 натпревари и 63 гола на сите турнири. Тој е
број 2 по одиграни дуели во историјата на клубот, а повеќе мечеви од него има само Франческо
Тоти.