Околу половина година по разделбата со Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не смета дека тимот се
променил. Познатиот тренер беше отпуштен во декември поради незадоволителни резултати.

Неговиот наследник Оле Гунар Солскјер го преобрази тимот и следеше серија од силни резултати,
но во еден момент и таа „секна“, за да дојде до слаба завршница на сезоната. На крајот, „црвените
ѓаволи“ завршија шести и нема да играат во Лигата на шампионите.
„Можам да кажам две работи за Јунајтед. Прво, дека времето си го кажа своето, а вториот е дека
проблемите се уште се таму – зборувам за играчите, за амбициите за организацијата како целина“,
прокоментира Мурињо во интервју за „Екип“.
Во последната фаза од кариерата на „Олд Трафорд“, Португалецот влезе во конфликт со Пол Погба.
Сега, сепак, менаџерот не мисли дека само светскиот шампион е одговорен за кризата.
„Не можам да кажам „Да“ кога ќе ме прашате дали Пол е единствениот кој е одговорен“, вели Жозе.
За две и пол години во Манчестер Јунајтед, Мурињо го освои Лига Купот и Лигата на Европа. Со
него во декември, тимот беше на 11 поени од 4-тото место, додека со Солскјер, екипата остана на 5
поени од зоната „Лига на шампионите“.