Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

од Vlatko K
66 прегледи

По денешниот избор за претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо
Антиќ во куса изјава за медиумите ги кажа приоритетите на новото раководство.


– Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме
кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот,
професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката. Наш
приоритет ќе бидат младите, враќање на навивачите во салите, заживување на кошарката,
враќање на оптимизмот, издигнување на А-селекцијата на повисоко ниво, изјави новиот прв човек
на македонската кошарка.

Антиќ на денешното собрание беше единствен кандидат за претседател на КФСМ и едногласно е
назначен за наследник на функцијата која досега ја вршеше Петар Наумоски.