Легендата на Баерн Минхен, Ариен Робен се уште не знае што ќе прави кога ќе ја напушти „Алијанц
Арената“ по крајот на сезоната. Тој се уште размислува за опциите пред себе, откако не ја исклучи и
таа да ја прекине кариерата.

35-годишното крило објави дека тоа би било најлесно нешто за него, но сепак ќе размисли темелно
пред да одлучи како да постапи. Премногу детали му се важни, според него, пред да одговори на
такво прашање.
„Задоцнив со одлуката каде да продолжам. Се надевам до недела-две ќе имам одговор на ова
прашање. Тоа одложување се случи поради повредата и не сакав да земам решение, додека се
уште не се вратам целосно на теренот“, изјави Холанѓанецот.
„Не можам да ветам ништо. Најлесно за мене би било едноставно да се откажам. Да, тоа е опција
за мене, но не знам дали сега е време да го изберам тоа. Не е лесен изборот, сè мора да се нареди
совршено за мене, за да го направам тоа. И не зборувам само на фудбалски план, туку и за моето
семејство“, изјави Робен.