Њу Орлеанс го доби првиот избор на НБА Драфтот

од Vlatko K
161 прегледи

Тимот на Њу Орлеанс Пеликанс го освои првиот избор на јунискиот Драфта во НБА лигата.
Тимот од сојузната држава Луизијана ја доби оваа можност, откако се покажа како најголем
победник во лотаријата, која го одреди редоследот по кој ќе се изибрат тимовите. „Пеликаните“
имаа само шест проценти шанса да се искачат до првата позиција, но среќата дефинитивно беше
на нивна страна и сега тие ќе можат да го привлечат феноменот Зајон Вилијамсон од
Универзитетот „Дјук“.


Вториот избор, исто така, се падна кај изненадувачки тим. Мемфис го доби тоа право иако, исто
како Њу Орлеанс, имаше минимална шанса за влез во топ 3.

Големиот губитник на лотаријата беше екипата на Њујорк Никс, која ќе биде трета. Њујорчани имаа
најголема шанса да изибираат први и беа сметани за фаворит за тоа да го привлечат Вилијамсон,
но третата позиција во Драфтот значи дека најверојатно ќе треба да се задоволат со тоа да изберат
некој од клубскиот на Вилијамсон во „Дјук“, Ар Џеј Барет или бекот на колеџот Мери Стејт – Џа
Морант.

По Никс правото на избор ќе имаат Лос Анџелес Лејкерс, Кливленд Кавалирс и Феникс Санс, кои ги
дополнуваат топ 6. Седмиот пик е за Чикаго Булс, Атланта Хокс ќе ги земе осмиот и десеттиот,
Вашингтон е број 9, а останатите тимови од лотарија се Минесота Тимбервулвс (број 11), Шарлот
Хорнетс (број 12), Мајами Хит (број 13) и Бостон Селтикс (број 14).

За Њу Орлеанс Пеликанс правото на прв избор во Драфтот ќе биде прво од 2012 година наваму,
кога тимот го одбра Ентони Дејвис. Во моментов раководството на клубот треба да го реши
прашањето токму со Дејвис, кој има огромна желба да си замине, но привлекувањето на
Вилијамсон категорично може да го натера да ја смени одлуката.

Драфтот ќе се одржи на 20-ти јуни во „Барклис центарот“ во Њујорк