Јунајтед го претстави новиот дрес, потсетува на легендарниот „требл“ од пред 20 години

од Vlatko K
83 прегледи

Манчестер Јунајтед го претстави својот домашен дрес за следната сезона. Дизајнот препраќа до
можеби најимпресивната сезона во клупската историја – 1998/1999, кога „црвените ѓаволи“
освојуваат уникатни три титули. Тогаш Јунајтед стана првиот тим кој ја освои Премиер лигата, ФА
Купот и Лигата на Шампионите во рамките на една кампања. 20 години подоцна ова достигнување
сè уште не е повторено од некој друг англиски клуб.


Предметниот „требл“ беше постигнат по драматичниот пресврт против Баерн (Минхен), во кој
Јунајтед стигна до победата со головите во дополнителното време на Теди Шерингам и Оле Гунар
Солскјер кој е актуелен менаџер на тимот. Во чест на овие погодоци на ракавите на новите дресови
се испишани минутите кога тие беа реализирани 90 +1 и 90 +3. Датумите на финалето на ФА Купот
против Њукасл и решавачкиот натпревар против Тотенхем во Премиер лигата исто се испишани во
долниот дел на дресот.

Амблемот има поинаков изглед и повторно е алузија на оној пред 20 години.

Пол Погба, Давид де Хеа, Маркус Рашфорд и Џеси Лингард се главните актери во промотивното
видео и соодветната фотосесија со кои беше претставена новата опрема на „Адидас“.