Талисманот на Пеп Гвардиола чини 1.215 евра

од Vlatko K
83 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, исто така, е суеверен, колку и да звучи чудно.
Стратегот, кој има 26 трофеи зад својот грб, има свој талисман.

Интересно, тој вреди 1.215 евра и секогаш е пред очите на фановите.

Сивиот елек што го носи Пеп Гвардиола е производ на италијанскиот бренд „Херно“. Облеката е од
колекцијата есен / пролет 2018 година.

Гвардиола го носеше за време на последниот меч од сезоната, по кој ја освои титулата во Премиер
лигата. Менаџерот беше така облечен на мечот со Брајтон, но го соблече на церемонијата за
доделување награди и остана во стилски џемпер.

Тој е сигурен дека сивиот елек му помогнал да влезе во историјата на Премиер Лигата.