Новиот додаток на Барселона, Френки Де Јонг, веќе размислува за неговиот нов клуб откако
холандското првенство заврши. Играчот од средниот ред наскоро ќе се приклучи на „Блаугранас“ и
тој веќе нема трпение да ја види големата ѕвезда на Лионел Меси.

„Многу сум возбуден и не можам да дочекам да го видам Лионел Меси на тренинг. Мислам дека
можам само да му ја подавам топката“, рече Де Јонг, смеејќи се. „Јас сум љубопитен да видам како
ќе настапам таму и сум желен да учам од најдобрите“.
Што се однесува до Ајакс, Де Јонг рече: „Имаме уникатен тим за холандски стандарди, се
забавувавме и имавме неверојатни моменти заедно“.