Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, изрази разочараност од одлуката на Антоан
Гризман да го напушти клубот. 28-годишниот Гризман објави во специјално видео дека летото ќе се
пресели во друг тим.

Шефот на Атлетико изјави дека е повеќе разочаран, отколку лут поради акцијата на ѕвездата на
тимот.
„Антоан имаше брилијантна иднина во Атлетико, со големи титули и силни првенства. Проблемот е
што секој има различно мислење и во овој момент Антоан смета дека е најдобро да го напушти
тимот и да оди на друго место. Му ја посакуваме целата среќа на светот“, рече Енрике Сересо.