Истражување: Британците се опиваат 51,1 пати годишно, односно речиси еднаш неделно

од Vlatko K
110 прегледи

Во Велика Британија се опиваат почесто, отколку во било која друга земја во светот, пишува
„Индипендент“, повикувајќи се на резултатите од глобалното истражување „Global Drug Survey“.
Во него зеле учество жители на 36 земји. Научниците анкетирале повеќе од 120 илјади луѓе низ
целиот свет, од кои 5.400 се од Велика Британија


По Велика Британија, во листата се САД, Канада, Австралија, Данска и Индија.

Во просек, Британците се опиваат 51,1 пати годишно, односно речиси еднаш неделно. Како што
научниците утврдиле, земјата е на второ место по Австралија по бројот на баратели на итна
медицинска помош, по пиење на алкохол во текот на минатата година – 3,7% од испитаниците
признале дека го направиле тоа. Независно од тоа, Британците се малку под просечното ниво на
луѓето во светот, кои жалат за своето пијанство – 18,5% наспроти 20% во светски рамки.
Податоците покажуваат дека во целина луѓето „претежно сакаат да се напијат“.

Како што изјавил професорот Адам Винсток, креаторот на оваа студија, иако генерално луѓето пијат
помалку, оние кои се уште го прават тоа, пијат на за нив деструктивен начин.

Истражувачите истакнуваат дека можеби е време да се развијат принципи за „безбедна
интоксикација“, кои би помогнале на оние кои без мерка консумираат алкохол. За нив, горните
граници на косумацијата на алкохол може да изгледаат безначајни, велат научниците.

Иако безбедното ниво на пиење на алкохол не е прецизирано во принципите на Националната
здравствена служба на Велика Британија, организацијата советува луѓето да не пијат редовно
повеќе од 14 единици алкохол неделно, што е еднакво на околу девет чаши вино.вз