Бразилската манекенка Алесандра Амброзио ги остави сите без здив на црвениот тепих на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан.

Амброзио на црвениот тепих се појави во црвен фустан , со кој едвај нешто покриваше од нејзиното совршено тело.
Додека позираше пред стотиците фотографи , Алесандра уште повеќе го разоткриваше фустанот , така што сите присутни останаа без здив .
Медиумите искоментираа дека Амброзио ,,ко украде “ црвениот тепих , зашто сите зборуваа за нејзината куса претстава.
Најинтересен детал за фотографите , како и коментари на таблоидите се однесуваа дали убавата Бразилка носи нешто под фустанот. Подоцна било утврдено дека имала зашиена танга на фустанот.