Силен земјотрес го погоди Ел Салвадор

од desk2
125 прегледи

Властите во јужноамериканската држава Ел Салвадор јавија дека државата била погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер.

Земјотресот бил со епицентар на околу 200 км југоисточно од главниот град Сан Салвадор.

Според Геолошкиот завод на САД пак, земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, надвор од Никарагва.

Властите на Салвадор наведуваат дека владините згради се евакуирани според протокол за вакви ситуации.