Откако принцот Хари и Меган Маркел станаа родители на Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор се проговори дека семејството уште не е посетено од принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката на Кембриџ Кетрин.
Сега стана јасно дека новороденчето веќе е лично запознаено со својот чичко и тетка, пишува Daily Express.
Војводите на Кембриџ веќе ги посетиле војводите на Сасекс и новородениот син во резиденцијата Фрогмор хаус во Виндзор во вторникот попладне, по враќањето на принцот Хари од Оксфорд.
Трите деца на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кетрин не ги придружуваа родителите. Се зборува дека сепак принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј со нетрпение го чекаат моментот кога ќе се запознаат со својот братучед.
Во меѓувреме весникот соопшти дека за време на една од обврските во Оксфорд – при посета на детска болница, принцот Хари не ја сокрил радоста од својата нова улога на татко.
Разговарајќи со родителите, гордиот татко споделил дека се свикнува на татковството и веќе не може да го замисли животот без својот син.