Стилистите на Џенифер Лоренс ја споделија во Instagram фотографија на нејзиниот неверојатен фустан од нејзината забава по повод свршувачката. Актерката и нејзиниот сакан – Куки Марони официјално се верија со организирање на забава во градината.
Идната невеста носи долг фустан со длабоко деколте, дело на модните дизајнери Џил Линколн и Џордан Џонсон.
Тоалетата на 28-годишната холивудска ѕвезда на Игри на гладта е дел од L.Wells Bridal.
Фустанот беше надополнет со мала розова торба на Роџер Вивиер и пар сандали со високи потпетици на Касадеи.
Според гласините, свадбата на Лоренс и галеристот Марони ќе биде во близок круг од нивните најблиски роднини и пријатели.
Џенифер е во врска со Куки од пролетта 2018 година. Таа претходно имала двегодишна врска со 50-годишниот режисер Дарен Арнхофски.