Мнозинството Европјани веруваат дека ЕУ ќе се распадне во следните 20 години

од desk2
108 прегледи

Мнозинството Европјани верува дека Европската унија може да се распадне во наредните две децении, покажа едно истражување.

Студијата на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR) и меѓународна фирма за истражување на пазарот и анализа на податоци „ЈуГов”, во која биле вклучени повеќе од 60.000 луѓе од 14 земји членки на ЕУ, покажа дека значителен број од испитаниците ја сметаат „рална можноста“ во следната деценија да избие војна меѓу две земји на ЕУ.

Истражувањето покажа и дека нивото на поддршка на членството во ЕУ е висока, но дека владее песимизам кога во прашање е иднината на блокот.

Во секоја држава членка, освен во Шпанија, мнозинството гласачи веруваат дека ЕУ ќе се распадне во следните 10 до 20 години, се наведува во студијата.

Како што се додава, во Франција, 58 отсто од испитаниците сметаат дека е реално блокот да се распадне во рок од две децении, со што се согласиле 57 отсто од Италијанцит и Полјаците.

Дури и во Шпанија, 40 отсто од испитаниците рекле дека реална е можноста ЕУ да се распадне.

Истражувањето покажа и дека мнозинството Европјани, доколку ЕУ се распадне, како најголем губиток го гледа колапсот на единствениот пазар, а потоа прашањето на слободно патување преку границите и слободата на живот и работа во други земји.

Значителен број од испитаниците, исто така, велат дека војна межу земји од ЕУ е „реална можност“ во следната деценија.

Најголем број од нив се во Австрија, каде 38 отсто од испитаниците рекле дека мислат оти војна може да избие во наредните 10 години, додека во франција тој број е 35 отсто, а во Романија 31 отсто.

Уверувањето дека може да избие војна меѓу земји членки на ЕУ особено е силно меѓу младите, пренесе Си-би-ен-си.

Во Австрија и во Романија, половина од испитаниците на возраст од 18 до 24 години, верува дека војна меѓу две земји на ЕУ, е можна, а со тоа се согласуваат 46 отсто од најмладите испитаници во Франција.