Легендарниот шпански голман Икер Казилис ја негираше веста дека ја прекинува својата
фудбалска кариера. Голманот на Порто доживеа срцев удар, по што итно беше опериран и во
моментов се опоравува.

Медиумите во Португалија објавија за таа негова наводна одлука, но неколку часа подоцна тој ги
демантираше со публикација во Твитер. Тој, исто така, сподели добри вести за неговата состојба,
имено, дека сè е во ред по неговите неодамнешни прегледи.
„Здраво на сите. Пензија … ќе дојде ден и за тоа. Ќе соопштам кога овој ден ќе дојде. Засега имам
потреба само од спокојство. Вчера имав прегледи кај д-р Филипе Маседо. Се е во ред. Ова е
најголемата вест што сакам да ја споделам со сите вас“, напиша легендарниот голман.
Икер Касиљас e меѓу легендите на Реал Мадрид и Шпанија, освојувајќи ја со Кралскиот клуб три
пати Лигата на Шампионите и пет пати титулата во Ла Лига, а со репрезентацијата освои две
европски и една светска титула.