Во Германија: Баерн ќе го отпушти Нико Ковач

од Vlatko K
92 прегледи

Раководството на Баерн Минхен одлучило да го разреши тренерот Нико Ковач на крајот на
сезоната, пренесоа две европски медиуми – „Goal.com“ и блискиот до германските клубови „Spox“.


Пред неколку дена поранешниот тренер на тимот, Феликс Магат прогнозираше дека стратегот е
патник и при дубл, бидејќи не се стекнал со потребниот авторитет. Интересно, самиот Магат беше
отпуштен по историските два последователни „дубла“ во јануари 2007 година.

Критиките на адреса на Ковач не запреа цела сезона. Тој започна многу напорно, но во есента
тимот падна во длабока криза, а потоа се зборуваше за неговата смена.

На крајот младиот тренер успеа да ги стабилизира баварците и круг пред крајот на сезоната тие
водат со два бода пред Борусија Дортмунд, а освен тоа се во финалето за Купот на Германија.
Сепак, шефовите на „Алијанц Арена“ се бесни поради начинот на кој тимот испадна од Лигата на
шампионите,по поразот од Ливерпул.

Поради оваа причина управата на Баерн одлучила дека смената на генерациите од летото да биде
остварена од друг тренер кој ќе има поголем авторитет и потребното искуство. Клубовите го
напуштаат Френк Рибери и Ариен Робен, како и Рафиња. На нивно место доаѓаат светските
шампиони Бенџамин Павар и Лука Ернандез.

Во моментов две имиња се поврзуваат за наследник на Ковач, кои ја знаат ситуацијата во клубот.
Една од нив е менторот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој пред одреден период го предводеше вториот тим
на Баварците. Другиот е поранешниот капитен на Баерн, Марк Ван Бомел, кој го води ПСВ
Ајндховен.