Солскјер ќе го собере тимот уште на 1 јули, за да не ја повтори грешката на Мурињо

од Vlatko K
105 прегледи

Манчестер Јунајтед ќе ги стартува предсезонските подготовки уште на 1 јули, бидејќи менаџерот
Оле Гунар Солскјер сака неговиот тим да се подготви значително подобро во споредба со минатата
кампања, тврди „ESPN“. Тренерот останал вчудоневиден од слабата физичка форма на тимот при
доаѓањето во декември по разрешувањето на Жозе Мурињо. Затоа сега тој не сака да ја повторува
грешката на својот претходник.


Ова лето нема ниту Светско, ниту Европско првенство. Сепак ќе има некои ангажирани со Копа
Америка, но генерално идното лето е идеално за спроведување на комплетна подготовка.

Првенството во Премиер лигата стартува на 10 август, но „црвените ѓаволи“ ќе се ангажирани во
квалификациите на Лигата на Европа, откако завршија на шестата позиција. Дури и ако утре
Ватфорд го освои Купот на Англија, Манчестер Јунајтед ќе треба да стартува со елиминациит уште
на 25 јули.

При успех на Манчестер Сити, сепак тимот од „Олд Трафорд“ ќе се вклучи од третиот круг на
квалификациите, а првата средба за нив ќе биде на 8 август.

Во принцип, првата летна проверка на Манчестер Јунајтед е закажана за 13 јули против Перт Глори
во Австралија.