Гвардиола: Нема да одам во Јувентус

од Vlatko K
101 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, брзо ги разреши шпекулациите дека може да биде
новиот тренер на Јувентус.

Штом стана јасно за разделбата на „бјанконерите“ и Масимилијано Алегри, името на Шпанецот
беше вмешано меѓу кандидатите за нов тренер на Јуве.

Но, плановите на Гвардиола се целосно поврзани со Сити.

„Нема да одам во Јувентус или во Италија, имам уште две години тука, нема да се преселам, јас сум
среќен тука. Нема да одам никаде и ќе бидам менаџер на Манчестер Сити за следната сезона“, рече
тој.