Околу сто натпреварувачи на „Раштак треил“

од Марта Пешевска
114 прегледи

Околу сто млади натпреварувачи учествуваа на овогодинешната планинска трка „Раштак треил“, што беше организирана од Општина Гази Баба во соработка со маратон-клубот „Делта“.

– Раштак е прекрасно место кое преку својата убава природа, претставува одлична локација за спорт и рекреација. Токму тоа беше и целта на овој маратон, преку спортување и дружба да се промовираат на сите граѓани убавините на Раштак и планината Скопска Црна Гора, соопштија од Општина Гази Баба.

Посочија дека планинската трка „Раштак треил“ полека прераснува во нова спортска традиција на Општина Гази Баба.

– Продолжуваме и во иднина да даваме поддршка на вакви спортски настани, со цел да ги поттикнеме младите се повеќе да спортуваат и рекреираат, посочија од Општината.